https://www.flickr.com/photos/anberlin/28685351557/in/photolist-KGPVCR-of8u7R-KXwtop-2i2xV8T-FcA7R7-JdJYf8-psNQhA-Fs8r57-2nmcBHp-JzEUKc-DngDd4-2iYyMoD-4YG8S9-tyV7W-2ni3cTy-LkVnsE-2nwcmhr-Gozunk-HK971Z-2k35i4q-oj8wgV-2g61dGq-2hxEnsN-2kDmDfW-2mwhkAF-2i1tbt4-N4krej-JiidSu-PY3Y9x-2m2P95w-24cEqk6-2co23Xc-nMcaEv-CWsYFR-VEGLGZ-Ev3VxN-2hweV95-ZSComE-2585Tn8-2mwSdk9-2j1Yc8y-V9kjJJ-cL4Rm1-JJuNXV-23PqKKu-Xip6gz-27xKWvw-VyXUKV-2nhpfNB-JXtsFW

04.04.2024 Скопје

Евростат објави дека речиси четвртина од Германците, поточно 22,6 отсто од анкетираните, не можат да си дозволат седумдневен одмор надвор од дома, што подразбира патување.

Посебно се погодени самохраните родители со деца, бидејќи за 43,2 отсто од луѓето од оваа категорија неостварлива цел е одмор од дома една недела, како и за 31,3 отсто од семејствата со три или повеќе деца.

Во категоријата самци, 30,4 отсто од анкетираните од финансиски причини не можат никаде да патуваат една недела, додека во категоријата парови овој процент е помал и изнесува 16,8 отсто.

Споменатите податоци од Евростат ги побара пратеничката на Бундестагот, Сара Вегенкнехт, која ја обвини германската влада дека осиромашила милиони граѓани.

„Потребен ни е пресврт во економската и социјалната политика во Германија“, заклучи Вегенкнехт.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author