18.04.2024 Скопје
Бројот на заболени од раните фази на дијабетес постојано расте, па денес постојат бројни проекти насочени кон подобрување на здравјето и подобра исхрана.
Фармацевтот Греам Филипс е посветен на проактивен пристап кон здравјето повеќе од три децении, со посебен акцент на спречување на метаболички синдром, претходник на дијабетесот и помагање на луѓето да го спречат дијабетесот и да изгубат тежина.
Тој смета дека прилагодувањето на животот е исклучително важно, а она што е клучно во борбата против дијабетесот е забележувањето на раните знаци кои не смееме да ги игнорираме.
Сооднос на половината и висината
„Ако обемот на половината ви е повеќе од половина од вашата висина, може да бидете изложени на ризик од дијабетес“, изјави Филипс.
Имате вишок килограми, но секогаш сте гладни
Акантоза (белези на кожата)
Темните дамки на кожата укажуваат на некои метаболички промени
Симптоми на метаболички синдром
Не треба да се игнорираат малку покачениот крвен притисок, нивото на шеќер, вишокот маснотии, како и покачениот холестерол.
Раздразливост поради глад
Ова однесување укажува на нагли промени во нивото на шеќер во крвта
Важно е да знаете дека раното откривање на овие симптоми може да биде исклучително корисно, но исто така не мора да значи дека сте изложени на ризик од дијабетес.
Подготвено од А.Ѓ.