makpetrol nema da uvezuva gas

11.04.2024 Скопје

Транспарентните компании ја објавуваат речиси секоја промена во акционерскиот капитал со кој располагаат.

Особено е битно компанијата транспарентно да информира за тоа кога членови на нејзините управни и раководни структури купуваат акции.

Нафтениот гигант „Макпетрол“ објави дека нејзиниот долгогодишен прв човек и претседател на Управниот одбор, Андреа јосифовски, купил 171 акција на компанијата.

Оваа информација оттаму ја споделија со инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор Г-дин. Андреја Јосифовски, се стекна со 171 обични акции од издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје“, се вели во објавата на ова акционерско друштво.

Кога членовите на одборите и менаџерите на една компанија купуваат акции од неа, тоа говори за нивна доверба во бизнисот и перспективите на таа компанија.

Инаку, на берзата помина блок трансакција со оваа количина на акции на 5 април, односно 171 акција, па се претпоставува дека станува збор за таа трансакција, а тогаш цената на една акција беше платена по 67.000 денари за акција.

Ако се извлече заклучок дека овие акции се купени на таа трансакција, значи дека за акциите се платени 11.457.000 денари или нешто повеќе од 186 илјади евра.

На последниот ден на тргување цената на акцијата на „Макпетрол“ изнесуваше 68.002 денари, што би значело дека сега неговите акции чинат 189 илјади евра.

Подготвено од М.Д.

About Author