12.04.2024 Скопје
Во рациите на четири домови низ Јужна Калифорнија, американската полиција пронашла украдени лего коцки вредни околу 300.000 долари.
Кражбите се случиле во окрузите Лос Анџелес и Оринџ, а осомничените се на возраст меѓу 35 и 47 години.
Тие се уапсени под обвинение за организирана кражба на мало, голема кражба и завера.
Легото е омилена мета на крадците бидејќи лесно се продаваат, а профитот може да биде огромен, пишува весникот.
Некои од најпопуларните комплети може да се продаваат за илјадници долари.
Подготвено од А.Ѓ.