0-02-05-68f05f27517472803c7eb0d1ffbbd5d703716a76257276db0ad3f61f944b42e7_6474aa8eda3d17d2

22.04.2024 Скопје

Вчера на Саемот на книга во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа промоција на книгата за деца „Наде и Нено учат за животните“ од авторката Соња Трифуновска, а во издание на ЕДУКА МАК. Ова е втора книга на авторката наменета за децата од рана училишна возраст која е интерактивна и во која се вклучени електронски книги, дигитални задачи и видео материјали за креативно учење.

На промоцијата со своја драматизација впечатлив настап имаа и првачињата од ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово.

Овогодинешниот Саем на книга се одржува под слоганот „Приказна се чита“ и трае од 18.04 до 24.04.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author