med

06.04.2024 Скопје

Последниве десет години опаѓаат приносите на мед. Претседателот на пчеларското здружение „Матица“ од Скопје, Душан Чорбиќ, вели дека минатата година била нешто подобра, кога, во просек, имало по 15 килограми мед од кошница.

Чорбиќ констатира дека нашиот народ сè уште купува мед само кога е болест во прашање, а не превентивно. Но, сепак, нагласува дека луѓето полека сфаќаат дека тоа е најприродното и најчисто нешто, кое не се расипува и во кое нема конзерванси и додатоци, а е полезно за здравјето. Во тоа, вели тој, секако, улога имаат и нутриционистите, кои објаснуваат за придобивките од медот.

Збирно место, деновиве, на пчеларите е улицата „Македонија“, каде што се одржува манифестацијата „Пролетни медни денови“. На повеќе шандови, од 4 до 6 април 2024 година, е изложен широк асортиман на пчелни производи наменет за нашите граѓани, меѓу кои: мед, прополис, полен, матичен млеч, восок. Цената за тегла мед, главно, се движи околу 600 денари и е непроменета од лани, за разлика од цените на многу прехранбени производи, кои повеќепати беа зголемени.

Подготвено од М.Д.

About Author