united airlines

18.04.2024 Скопје

Американската авиокомпанија „United Airlines“ соопшти дека имала неочекувани трошоци поради проблеми со квалитетот на авионите Боинг.

Компанијата претрпе загуба од 200 милиони долари во првиот квартал откако Федералната управа за авијација (FAA) ги приземји моделите 737 Max 9 на Боинг за да ги стави под контрола поради проблеми со безбедноста на авионите.

Медиумите потсетуваат дека ФАА нареди тринеделно приземјување по инцидентот на 5 јануари во врска со паѓањето на врата за време на летот на еден од авионите Боинг во сопственост на компанијата Алјаска ерлајнс.

„United Airlines“ не прецизираше дали очекува Боинг да ги надомести трошоците поради неможноста да ги користи своите авиони „737 макс 9“ во периодот на приземјување по споменатиот инцидент.

Авионите на „Боинг“ сочинуваат околу 80 отсто од флотата на американската авиокомпанија со седиште во Чикаго, од кои 86 се авиони од 737 Max 9, што според тоа влијаеше на профитот на „United Airlines“.

Таа фирма е измачувана и од голем број други инциденти, како што е ненадејното палење на моторот на авионот и паѓањето на тркалата, проблеми кои добија зголемено внимание по проблемот со Боингот.

Генералниот директор на „United Airlines“ Скот Кирби затоа им се обрати на клиентите за да ги увери дека самата авиокомпанија ќе стави поголем фокус на безбедноста на своите вработени.

Покрај тоа, ФАА објави дека го става „United Airlines“ под засилен надзор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author