kompanii

04.04.2024 Скопје

На својата веб-страница Американскиот институт за обработка на податоци АДП објави дека приватните компании во САД во март вработиле 184.000 нови работници.

Резултатот покажува дека ова е најголем месечен пораст на вработеноста во последните осум месеци, додека пазарите очекуваа поскромно зголемување од 148.000.

Во март се отворени 142.000 нови работни места во услужниот сектор, а уште 42.000 во производството.

Најголем раст е забележан во секторот угостителство и одмор од 63.000, градежништво за 33.000, трговија, транспорт и комунални услуги за 29.000.

Официјалните податоци за вработување ќе бидат објавени од страна на Бирото за статистика на трудот на САД (BLS) во петок, и тие не се секогаш во согласност со бројките објавени од АДП.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author