02.04.2024 Скопје
Работник во млекарница во американската сојузна држава Тексас бил позитивен на птичји грип, што е прв човечки случај на оваа болест во САД, кој зарази добиток во неколку држави во последните неколку недели.
Болеста е лесна и се очекува работникот да закрепне.
Тоа е втор случај на човек на Х5Н1 пријавен во САД.
Потенцијалниот пренос на птичји грип од крава на крава во американската сојузна држава Ајдахо ги загрижува и експертите за пандемијата.
Со децении, експертите предупредуваат дека птичјиот грип може да претставува сериозна закана, но нема докази дека се шири меѓу луѓето.
Во текот на изминатите неколку недели, вирусот на птичји грип зарази крави во Тексас, Ајдахо, Мичиген, Охајо и Ново Мексико, предизвикувајќи тревога кај експертите за јавно здравје кои се загрижени дека ширењето на вирусот кај цицачите може да го олесни инфицирањето на вирусот.
Подготвено од А.Ѓ.