https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/bc.AbqxvE8qLmJVTBVO5E0gFgJhn1j1zauxyiCvM46vJTW9MuVmv39cj4LCRdLJIya-4Y_Uj52RTdGmK-EsVB_XjjP-e_8ZW35bwaQbv--0BtTFHlyNlKY-ce8Z3JLxDg-S0muJVYMYaAcu5DpBvBGL-5hAetX8qQXlB-EUo8Ycegi9Toq5H7Z5cdcApPy2jA19su8-XOoYvrufkNiuWaN9aFcJT6MsxpkiqBVYDWm1UnuODo13mP6nCINRQPtxdRKEa4hkR-n9a2O1RKiQeMkRIce4CfNhzRdKUCpE773Uabzu7zNMIa-S3PQAi16thy8tCKk/543161826610330/?opaqueCursor=Abp1E_3DjX-2TlCR7AEBXtSl5l16sOG4b56IEmNEw9t0jTlVtOTdHfigvzvJN3C0NQBXUw2KDNnFZjrmnO3FqxEsymF2p3BYEzHUfvNeYcX8bYDOZxhm2ln_5KJwihluz0mHeSPpWFsFGhsHoRIYSJ3tvwmpBOZd4bG48cz15u6LFeq5O6JGSF1S7eHND1YnRceXDkPyTODx4yL_CFwiv0mTTjhBrl-Kqs_pmAXUR6UZYVtm-LruqTrkVO2BnZyuvYPlxATA3ixULEzpBbhvyqORMW_QverOJ99YNPEdOpOXBHO5UdgMQXe3IepYPgP9Ydr9P9XeyawhDAEQhaTd0xl-2ke80yL-1RQcxyr9YhcuuLBP7TffX6O6wfMD47QyZC_6rbj0q5ska5lhn4cXYwHVuAGiey2fJ3n1-M_zhAsPamYGHDumdIOLeINR3uE8IFdHgHb_Ye8SAxunlaORf4Gj9AQUPa_j8JNF-TjxAJBr1PPvy7n-qk6C6AOeB7-ILupP5aIx3lpBeD4TqijAqAi4u8azDgy5rsFm9W_VO7PPcQx311aznsvSe4_TRzKINnaaXW6C2i8uQUmlGRwmOFUX895LgqvySwUM58z3tlTkVUMBQgllMMjSb9Y0NDKyx1M

05.04.2024 Скопје

Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2024-2026 година, спроведена во март од страна на Народната банка, покажува надолна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација, без позначителни промени во очекувањата за растот на БДП.

„Економските аналитичари ги поврзуваат ваквите очекувања пред сѐ со постепеното забавување на растот на цените во последниот период, додека најголемите ризици се поврзуваат со воениот судир во Украина, но и конфликтот на Блискиот Исток, при што нагласуваат дека сѐ уште постои висок степен на неизвесност околу текот на идните случувања“, наведуваат од Народната банка.

Во однос на инфлацијата, испитаниците и натаму очекуваат нејзино постепено забавување, по високите остварувања во 2022 година и сведувањето на едноцифрено ниво од 9,4 проценти во 2023 година.

Во споредба со претходната анкета, во моментов очекувањата на испитаниците за 2024 и 2025 година се пониски.

„Така, тие очекуваат просечна стапка на инфлација од 4,1 проценти за 2024 година (4,7 проценти во претходната анкета), 3 проценти за 2025 година (3,3 проценти во претходната анкета) и 2,6 проценти за 2026 година“, соопшти Народната банка.

Подготвено од М.Д.

About Author