30.04.2024 Скопје
Вработените во Фондот за здравствено осигурување започнаа со предупредувачки штрајк против Управниот одбор на ФЗО затоа што нивната точка на дневен ред за усогласување на минималниата плата согласно Законот за минималната плата беше одложена и оставена на неодредено време, односно после завршување на изборите и формирање на новата Влада.
Станува збор за усогласување од 2392 денари по лице, тоа е капка во морето. Некој ќе каже што се буните, но тоа е законска обврска за сите. После 31 мај знаеме за што работиме, од 1 јуни ќе работиме практично без плата и бодови.
Тие ги повикаа одговорнитре во Владата и Управниот одбор да го решат проблемот затоа што последиците од нивното неработење поради штрајкот ќе бидат огромни.
Подготвено од М.Д.