https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en&as_q=ustaven+sud+logo&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=wb_q69RFV6SptM

04.04.2024 Скопје

Правната фела достави нова Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за облигациони односи. Новиот закон кој е на сила речеи една година е неприменлив во пракса, а потврда за тоа дава информацијата дека досега нема отпишано ниту еден долг кој е застарен и по поминати 10 години. Последната иницијатива до Уставен е испратена од страна на Адвокатот Љупчо Кузмановски, кој вели, актуелниот Закон за облигациони односи е многу широк и поради тоа има опасност од различно толкување за ист случај. Најголем проблем се случува кај побарувањата на компаниите, и на некој начин со овој закон правната фела вели дека се потикнува финансиската недисциплина.

„Се создава една голема правна несигурност и правен релативизам во примената на овој закон во целина, затоа што одредбите на законот за облигациони односи што се изменети се во колизија со други одредби во истиот закон но и со други закони како и со законот за извршување. На тој начин се создава една правна колизија која доведува всушност до оваа правна несигурност“, вели адвокатот Љупчо Кузмановски.

Дека има проблеми во наплатата на побарувањата помеѓу компаниите од приватниот сектор во земјава потврда даде и претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски. Тој обвини дека дел од компаниите со странски капитал не го почитуваат законскиот рок за плаќање.

„Финансиската дисциплина континуирано се крши од овие  компании кои се субвенционирани од нашава држава. Не редовно ги подмируваат обврските кон домашните добавувачи. Дали државата на овој начин креира неликвидност во нашава економија. Значи со нашио средства ние ги субвенционираме демек да сосзаваат дополнителна вредност, да ја развиваме економијата“, вели Трајан Ангеловски Претседател на Сојузот на стопански комори.

Јавна тајна е дека законот за финансиска дисциплина не секогаш компаниите го  почитуваат во целост. Инаку, досега до Уставниот суд беа доставени петнаесетина иницијативи за оценување на уставноста на дел од одредбите кои стојат во законското решение. Но, уставните судии засега не гледаат ништо спорно во Законот за облигациони односи.

Подготвено од М.Д.

About Author