09.04.2024 Скопје
Шест лица загинаа во пожарите во кинеските градови Вужоу во провинцијата Гунагси и Хефеи во провинцијата Анхуи, соопштија локалните власти.
Пет лица загинаа во понеделникот во пожар во самопослуга во градот Вужоу, а причината за пожарот е под истрага.
Во градот Хефеи едно лице загина, а 11 се повредени во пожар во трикатница.
Жртвите се ученици од старателскиот центар, кои после часовите си ги вршеле домашните задачи во читалната. Полицијата започна истрага.
Подготвено од А.Ѓ.