05.04.2024 Скопје
Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Република Северна Македонија, па се до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Сите непрaвилности, како што е наведено во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 г. и 08.05.2024 г.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.
Подготвено од М.Д.