09.04.2024 Скопје
Потрагата по телото на двегодишното девојче Данка Илиќ продолжува на теренот во населбата Бор, шести ден од апсењето на осомничените за нејзиното убиство.
Осомничените за убиството се уште не ја откриваат локацијата каде се наоѓа телото, јавуваат белградските медиуми.
Се пребарува втората половина на Кањонот Лазарев, откако полицијата заедно со спасувачката екипа и Планинарската спасувачка служба ги пребара првите 3,5 километри.
Се пребаруваше и јамата над кањонот длабока 70 метри. За потрагата се користи специјалистичка опрема за спасување.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март на семејниот имот.
По 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапсила двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, кои биле на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар, по што им е одредена мерка притвор. во притвор до 30 дена.
Станува збор за работници на „Водовод“, кои се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.
Директорот на фирмата „Водовод“ во Бор поднесе оставка од, како што наведе, морални причини.
Обвинителството соопшти дека Д.Д. го признал делото, додека Ј.С. се бранел со молчење. Таткото и братот на еден од осомничените се уапсени под сомнение дека помогнале да се пренесе телото на засега непозната локација. Во Полициското одделение Бор почина братот на осомничениот за убиството на Д.Д.
Подготвено од А.Ѓ.