NOVOGODISNI KUKARKI

16.04.2024 Скопје

Иако во сите други држави новогодишните куќарки се тргаат уште во јануари непосредно по новогодишните празници, кај нас е поинаку. Неажурноста на Данела Арсовска доведе до ваква несекојдневна ситуација која честопати беше мета на сеир на локалците, туристите, а најмногу за тоа се пишуваше по Твитер каде се упатуваа низа сатирични коментари на контото на Арсовска.

Плочникот на градскиот плоштад „Македонија“ повторно е празен. Сепак, на дел од скопските улици се уште стојат новогодишни украси. Под знак прашалник останува кога и дали ќе бидат отстранети истите.

Дрвените куќарки повеќе не го узурпираат просторот на главниот плоштад. Останува прашањето дали овие куќарки се тргнати заради некој од митинзите кои ќе следат во следниот предизборен период.

Подготвено од М.Д.

About Author