grcijaaaaa

02.04.2024 Скопје

Цените на патарините на автопатот Игнација во северна Грција од денеска се повисоки за 30 до 35 отсто.

Тој автопат води од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, а патарината веднаш до границата со Северна Македонија на влезот во Грција се зголемува од 1,80 на 2,40 евра, во Аспровалта од 0,90 на 1,20 евра, во Кавала од 1,40 до 1,85 евра.

Се додава дека единственото намалување на патарината во Солун е на пат кон Атина (од 1,20 до 0,90) и на пат кон Промахонас на границата со Бугарија (од две евра на 1,90).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author