04.04.2024 Скопје
Поранешниот американски разузнавач Скот Ритер изјави дека владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе падне во наредните месеци.
„Мислам дека ќе го видиме крајот на режимот на Зеленски до мај или јуни“, рече тој.
Ритер нагласи дека Зеленски никогаш не одржал претседателски избори, а неговиот мандат истекува на крајот на мај. Покрај тоа, додаде тој, позицијата на шефот на режимот во Киев е многу лоша, секако поради колапсот на украинските вооружени сили на фронтот.
„Зеленски игра со времето, го чека чудо, без разлика дали се работи за француски или полски војници, како и одлуката на НАТО да интервенира“, заклучил поранешниот американски разузнавач.
Претседателските избори во Украина требаше да се одржат на 31 март 2024 година, а инаугурацијата на новоизбраниот шеф на државата требаше да се одржи во мај.
Сепак, гласањето беше откажано поради вонредната состојба и општа мобилизација. Поранешниот премиер на Украина, Николај Азаров изјави дека овластувањата на Зеленски ќе истечат на 21 мај.
Зеленски изјави дека „сега не е вистинско време за избори“.
Подготвено од А.Ѓ.