04.04.2024 Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување митинг, и денес како и вчера, односно се до завршувањето на митингот ноќеска , Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа булеварот Илинден, потегот од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот Климент Охридски и од булеварот Климент Охридски до мостот „Гоце Делчев“ се затворени за сообраќај во двата правци. Денеска, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници во поширокото централно подрачје на Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Подготвено од М.Д.