polska

02.04.2024 Скопје

Во Полска од денеска се враќа на сила стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) од пет проценти на храната, која во февруари 2022 година е намалена на нула поради високата инфлација.

Инфлацијата во Полска и на други места во Европа и светот се зголеми во пандемијата по коронавирус поради тесните грла во синџирите на снабдување, кога потрошувачите нагло го зголемија купувањето на стоки и услуги по завршувањето на рестриктивните мерки поради Ковид-19 и ситуацијата беше дополнително отежната со специјалната воена акција на Русија кон Украина.

Како одговор на високата инфлација, која достигна 18,4 проценти годишно, полската влада ја намали стапката на ДДВ од пет проценти за храната на нула во февруари 2022 година.

Со падот на годишната стапка на инфлација на 2,8 отсто во февруари годинава, веќе нема причина за нулта стапка на ДДВ.

Стапката на ДДВ од пет отсто за основните производи како месо, риба, леб, млеко и млечни производи, јајца, овошје и зеленчук се враќа на сила.

Според полската централна банка, дополнителното зголемување на стапката на ДДВ може да ја зголеми годишната стапка на инфлација за 0,9 процентни поени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author