25.04.2024 Скопје
Полска е подготвена да и помогне на Украина за враќање на воено способни мажи во земјата, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камис.
„Мислам дека многу Полјаци се незадоволни кога гледаат млади Украинци во хотели и кафулиња, а во исто време гледаат колку труд вложуваме да му помогнеме на Киев“, нагласи Косињак-Камиш.
Тој не објави детали за тоа како Полска сака да помогне.
Украинската администрација објави малку порано нови прописи според кои пасоши за мажи на воена возраст може да се издаваат само во Украина, а не и во странски дипломатски претставништва.
Според новите прописи, мажите на возраст од 18 до 59 години кои живеат во странство нема да можат да ги обноват пасошите или да добијат нови.
Според податоците на Евростат, околу 4,3 милиони Украинци живеат во ЕУ, од кои околу 860.000 се возрасни мажи.
Полска им додели привремен статус на 950.000 Украинци, најмногу по Германија.
Подготвено од А.Ѓ.