osmani avtobus kampanja

05.04.2024 Скопје

По примерот на американските политичари, кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи, кампањата ќе ја води од автобус со кој ќе ја обиколи државата. Симболично почна од пред Вила Водно, каде се надева дека ќе се пресели после изборите. Намерно, караванот му тргнува со симболиката на бројот 4, на четвртиот ден од четвртиот месец, 2024 година, на 4 годишнината од влезот на Република СевернаМакедонија во НАТО, кој е и ден на основањето на Алијансата.

Пристигна директно од Брисел, од седиштето на НАТО, а кампањата ќе му биде фокусирана на тоа, мисијата да ја заврши во Европската унија, седнат на маса во европскиот Совет, како претседател на држава, полноправна членка до 2030 година.

Османи најави дека ќе води кампања на сите четири страни од државата, со цел да ги чуе барањата и очекувањата на граѓаните. Ќе ги претстави и неговите планови за тоа, како во наредните пет години државата да стане членка на ЕУ, а граѓаните да имаат светла и безбедна европска иднина.

Османи е кандидат на коалицијата наречена „Европски фронт“, која е составена од ДУИ, дел од Алијанса за Албанците, ДПА, Народно движење, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците и Партија на Ромите.

Подготвено од М.Д.

About Author