02.04.2024 Скопје
Помина година дена од исчезнувањето на Самоил, неговиот татко Љупчо Костадиновски изрази силни сомнежи дека неговиот син е мртов, но се надева дека истрагата ќе ги даде сите детали иако изрази незадоволство од домашните институции.
Костадиновски вели дека повеќе нема никаква доверба во институциите и во системот, бидејќи никој не успеал да ја разреши мистеријата околу исчезнувањето на неговиот син.
Костадиновски како една од можните причини за киднапирањето ја наведе високата сума на пари што ја имал неговиот син откако продал автомобил.
Инаку за овој случај две лица се обвинети за грабнување , денеска е закажано рочиште во Кривичниот суд за што се очекуваат и завршните зборови околу овој предмет.
Подготвено од М.Д.