https://www.facebook.com/photo/?fbid=5145622852187567&set=bc.AbrvloKNf-5Fw2bJWOhCeyBqc4w5sQBJxL5gVDWhmXH1TWZy0bzO0oqVWw-r-2QNha1hQ6dg44ccObhkuLsCsyhQXpRdNR1icLG1bCeErST1B6NxUzoFxX95Ab7nXy_BwM8oSLayfYr9y7eAG2UCE74lau6OXJjmSn77H2cKh1nzug&opaqueCursor=AbpIHorq9G9e8Q3Ov8RJUHyH0Tu7r4YmCJBcj4yYlKGGzTWDmO9AxT7VfAadvbhK2sTtCC_6Y3n_LIno3SfLU2Br9UgFTtQrHY92kQTncIqCgSnVGev_b6EyTiHUE9JOAtxkEA2mqzgAuwMZCfP4L2CRfCTCnNWTf4oR880LNjTpPFg9Q-iKy6-X9WXakBOxVUq8nx7tJR48dlVetBRl0AuVIdsS7kVbcd3fpvl2FRNlzImecjKZ-5w6zdIkKHVWVgw4ST4Xt_-7pxncTG_-lPr06jWxMtBpR6_USPewS5PbDnEbXpofBvs1hAVKyhkDVn9QmOD91iY4kdovEwc8wGNlcsug-bjLOPakAN0vQxBhdvJfOHehr6NhbVi6Qq5RphZZDOBwejYdseF6oXrbkcKj7eOq7cuWDckrIkD9etXPC7F9lhDs0SfbW9IfcrzLIoghT1urddzj5lH80IEkJF4L9fD7I4f9IrjHAQio9sTPOynv7RWbuIoT0OkkDN-K33J-NzjDMMUw0ELlJxOrXjgR8aeTEfBCF7q1xAhtELGLLKvfULZDTmTcHYUAIGfYhfIwPvO-wRMNbVV5LDhUmt0w2yojHg2MZ9Sll4o1IbBhI_ro-weMZhF4ynerhy3Br0lE3wXxZ5l57Kg097djTqOh

22.04.2024 Скопје

Најмалку пет ракети се истрелани денеска од ирачкиот пограничен град Зума кон американската воена база во североисточна Сирија, изјавијадва ирачки безбедносни извори и висок воен офицер.

Изворите рекоа дека ракетниот фрлач бил фиксиран на задниот дел на мал камион во пограничниот град Зумар и камионот се запалил во експлозија на неиспукани ракети кога воените авиони се појавиле на небото.

„Засега не можеме да потврдиме дека камионот бил бомбардиран од американски воени авиони“, изјави неименуван воен претставник.

Нападот се случи истиот ден кога ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани се врати од посетата на САД каде што се состана со претседателот Џо Бајден во Белата куќа.

Овој напад од Ирак врз американските сили е прв од почетокот на февруари, кога групите во Ирак, поддржани од Иран, ги прекинаа нападите врз американската војска.

Едно лице загина, а осум се ранети во експлозија доцна во петокот, што ја потресе воената база јужно од главниот град на Ирак, Багдад, што ја користат Силите за народна мобилизација на Ирак (ПМФ), изјави претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Американската војска и Израел рекоа дека не стојат зад нападот.

Фракциите во ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но ги прекинаа тие напади.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author