18.04.2024 Скопје
Крива Паланка доби соларни панели, а истите се поставија на крововите на пет општински институции, со цел објектите да се самоодржат,и да генерираат обновливи извори на енергија.
Од општината Крива Паланка соопштија дека: ,,Поставени се фотоволтаични панели, на пет јавни институции во градот, а инвестиција е вредна 103.000 евра, во рамки на проектот „Зелена енергија за јавни институции“. Овој проект се реализираше со помош на Центарот за меѓународна соработка и развој од Љубљана, Словенија. Центарот е донатор на половина од инвестицијата, а останатата сума е обезбедена од општинскиот буџет”.
Соларните панели се поставени на детската градинка “Детелинка”, на објектот „Пролетна роса“, на основното училиште “Св. Јоаким Крчовски”, на зградата “Партизан”, на Градскиот музеј Крива Паланка, на локалната самоуправа на Општината и на ученичкиот дом “Боро Менков”.
Од општината нагласија дека поставувањето на ваквите панели е инвестиција и ќе помогне во самостојноста на институциите, но и во делот на снабдувањето со електрична енергија и намалување на трошоците.
Подготвено од М.Д.