kovacki

18.04.2024 Скопје

Република Северна Македонија е на нозе. Промените доаѓаат не е само обична парола. Туку е вистина, начин на работа и начин на кои ние ја гледаме Република Северна Македонија. Пред нас претстои период кога одлучуваме за нашата иднина и за иднината на нашата држава. Ова го чекавме 7 години, и оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, 24 април и 8 мај со заокружување на бројот 2 ставаме крај на катрострофалните политики на владата на ДУИ и слугите од СДС, изјави Драган Ковачки носител на ИЕ3 на митингот во Свети Николе.

Ковачки посочи дека Република Северна Македонија е обесправена и понижена, задолжена и банкротирана земја. И за тоа се виновни слугата на стопанот Али Ахмети, Димитар Ковачевски. Криминалот и корупцијата цветаат, а економијата целосно крахира. Институциите повеќе не се во служба на граѓаните, туку во служба на овие неколкумина од владата на ДУИ и СДС кои очајнички се обидуваат да се спасат.

„Знаат дека губат. Знаат дека ги чека пораз и почнуваат да стануваат нервозни. Стравот од пораз е поголем од нивниот рејтинг изминатите 7 години. Знаат дека повеќе немаат поддршка од граѓани и глумат загриженост. Глумат и се обидуваат да ве излажат. Исто како што излажаа пред 7 години дека ќе донесат живот, а донесоа само беда и сиромаштија“, истакна Ковачки и додаде:

Ќе дојдат и ќе ви кажат дека имале погрешни политики, дека овие избори ако им ја дадете довербата ќе се поправат. Но, ќе излажат. Затоа што не ја бараат вашата поддршка за навистина да се променат, туку бараат поддршка за да продолжат да крадат. Исто како и изминатите 7 години. Се прикажуваат како некаков европски фронт кој ќе ја движел Република Северна Македонија кон ЕУ, а всушност со нив Република Северна Македонија е се подалеку од Европската унија. Секогаш кога ќе се обелодени некаков криминал или скандал, устите им се полни како СДС  ДУИ се проевропски ориентирани. Не, господо од СДС И ДУИ. Немате ниту Е од вашата замислена Европа. Затоа што Европа не сака политичари кои се корумпирани и на кои пола влада им е на црната листа на САД. Европа не сака криминал и корупција. Во Европа има само принципи и вредности, во кои секој кој се огрешил одговара.

Подготвено од М.Д.

About Author