https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=jens+stoltenberg&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=YJS_vrTIzZmneM

26.04.2024 Скопје

Кина мора да престане да ја поддржува Русија во конфликтот со Украина доколку сака да има добри односи со Западот, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За време на посетата на Берлин, Столтенберг рече дека помошта на Пекинг е клучна за воените напори на Москва, кои таа ги зајакнува преку размена на висока технологија, како што се полупроводниците.

„Минатата година Русија увезе 90 отсто од микроелектрониката од Кина, што се користи за производство на ракети, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски капацитети“, рече Столтенберг.

Тој нагласи дека Кина тврди дека сака добри односи со Западот, а во исто време продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна.

Според него, Кина не може да „седи на две столчиња“.

Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат премногу зависни од Кина како што беа од Русија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author