Papa-Frantsysk

01.04.2024 Скопје

Папата Франциск упати силна порака за крај на војните во Украина и во Газа. Повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и за ослободување на сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група.

Поглаварот на Римнокатоличката црква служеше миса во Ватикан. Церемонии се одржуваат ширум светот по повод одбележувањето на големиот Христијански празник – Велигден кој вчера се славеше според Грегоријанскиот календар.

Папата присуствуваше и на традиционалното двочасовно Велигденско бдеење.

Подготвено од М.Д.

About Author