https://twitter.com/its_maria012/status/1641322319556775937/photo/2

19.04.2024 Скопје

Воен хеликоптер се урна во Кенија, изјави владиниот портпарол.

Началникот на Генералштабот на кениската армија, генерал Френсис Омонди Огола е меѓу загинатите во падот на воен хеликоптер, соопшти денеска кенискиот претседател Вилијам Руто.

Тој на прес-конференција рече дека инцидентот е „трагичен момент“ за Кенија. Претходно, локалните власти соопштија дека во Кенија се урнал воен хеликоптер.

Според информациите од тамошните медиуми, пет лица загинаа во хеликоптерската несреќа, а тројца преживеаја.

По повод инцидентот кенискиот претседател свика итна седница на Советот за безбедност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author