05.04.2024 Скопје
Кинеската Sinopec и француската TotalEnergies во средата објавија дека ќе основаат заедничка компанија која ќе произведува одржливо авионско гориво.
Горивото ќе се произведува од отпадно масло во рафинеријата на Синопек во Кина, се наведува во соопштението.
Целта на партнерството е да достигне годишен капацитет од 230.000 тони со нова производна линија со која ќе управуваат двете компании.
Договорот за соработка го потпишаа во Пекинг претседателот на Sinopec, Ма Јонгшенг и лидерот на TotalEnergies, Патрик Пујан.
„Проектот е централен во стратегијата за трансформација на TotalEnergies, која треба да ги поддржи напорите на воздухопловниот сектор да го намали својот јаглероден отпечаток“, рече Пујан.
Француската компанија планира да произведува 1,5 милиони тони одржливо авионско гориво годишно до крајот на деценијата.
Кинеската Sinopec започна пилотско производство на гориво во фабриката Zhenhai Refining & Chemicals уште во мај 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.