16.04.2024 Скопје
Означувајќи го првиот значаен небесен настан по историското целосно затемнување на Сонцето, кое се случи на 8 април, древниот метеорски дожд Лириди ќе го разубави нашето небо овој месец.
Лиридите се сметаат за метеорски дожд со средна јачина, кои произведуваат 10-15 метеори на час, а понекогаш и огнени топки кога се набљудуваат под ведро и темно небо за време на врвот на метеорскиот дожд.
Овој метеорски дожд секоја година се враќа во април и преставува еден од најстарите метеорски дождови досега, а забележан е уште во 687 година пред нашата ера.
Лиридите оваа година почнаа на 15 април и ќе траат до 29 април, а својот врв ќе го доживеат на 21 и 22 април.
Овогодинешниот врв паѓа непосредно пред полната месечина на 23 април и со тоа светлината на месечината ќе ја попречи прекрасната глетка.
Метеорите, попознати како ѕвезди што паѓаат, се создаваат кога фрагменти од астероиди или комети ќе дојдат во контакт со атмосферата на Земјата.
„Родителскиот објект“ на Лиридите е кометата Тачер, последен пат видена во 1861 година, кога била и откриена. Воедно, таа нема да биде повторно видлива од Земјата приближно до 2283 година.
Подготвено од А.Ѓ.