OVEN VILSON

26.04.2024 Скопје

Неодамна починатиот спортист играше во НФЛ и накратко се занимаваше со глума, но најдобро е запаметен по неславното судење во 90-тите кога беше обвинет за убиство на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман. Иако беше прогласен за невин, многумина не се согласија со пресудата, меѓу кои и актерот Овен Вилсон.

Претстојниот филм е опишан како сатиричен трилер кој ќе се фокусира на Даглас МекКен, еден од адвокатите на Симпсон. Режисерот на филмот Џошуа Њутн сакал да го види Вилсон во улогата на МекКен, но актерот ја одбил улогата бидејќи филмот ќе го прикаже Симпсон како невин човек.

“Овен Вилсон е совршен за улогата. Го запознав во Санта Моника. Сите го сакаа сценариото. Неговиот агент сакаше да ја преземе улогата”, се сеќава Њутн.

„Му понудивме 12 милиони долари. Но Овен стана на крајот од ручекот и рече: „Мора да се шегуваш со мене ако мислиш дека ќе ја преземам главната улога во филм за тоа како О.Џ. не е виновен за убиство“, додаде тој.

Откако Вилсон не ја прифатил улогата, Њутн рече дека нашол нов актер, но одбил да каже за кого станува збор.

Подготвено од М.Д.

About Author