mlechen pat

17.04.2024 Скопје

Астрономите ја открија најмасивната ѕвездена црна дупка на Млечниот Пат досега.

Новооткриената црна дупка е 33 пати поголема од Сонцето и е оддалечена од нас 2.000 светлосни години.

Ѕвездена црна дупка се формира при колапс на ѕвезда, а оние што досега се пронајдени на Млечниот Пат биле околу 10 пати поголеми од Сонцето.

Научниците од мисијата Гаја на Европската јужна опсерваторија ја забележале црната дупка откако била забележана ѕвезда како се „ниша“ додека орбитира околу областа, наречена Гаја БХ3.

„Никој не очекуваше дека во близина ќе најде толку голема црна дупка, која досега не е откриена“, вели Пасквал Пануцо, астроном од Националниот центар за научни истражувања при Париската опсерваторија.

Според него, вакво откритие се случува еднаш во животот на истражувачот.

Гаја БХ3 е втората најблиска црна дупка до Земјата и се наоѓа во соѕвездието Аквила, што на латински значи „орел“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author