02.04.2024 Скопје
Јапонија гради подземни засолништа во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван.
Јапонската влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челичен армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван. Засолништата ќе се градат на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван.
Објектите, како што се наведува, ќе се градат во општините Ишигаки, Мијакоџима, Јонагуни, Такетоми и Тарама, кои се наоѓаат на оддалечените острови од каде евакуацијата е можна само со авион и брод.
Засолништата би биле достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација. Објектите ќе складираат доволно храна и вода најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе. Кога не се користат, засолништата може да се користат за состаноци и други собири, рекоа локалните власти.
Подготвено од А.Ѓ.