02.04.2024 Скопје
Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во Бањско поле кај Бор, влезе во осми ден.
По анализирање на сето она што досега е преземено во потрагата по двегодишната Данка Илиќ, истрагата на територијата на Србија е проширена, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од МУП.
Истрагата беше проширена и во Австрија, а Интерпол распиша жолта потерница.
Виенската полиција покрена истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ, откако српски државјанин кој живее во Виена на 30 март пријавил дека видел девојче, кое наводно наликува на исчезнатата Данка, во придружба на две жени.
Амбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ изјави дека се очекува идентификација на детето од видеото снимено во Виена, за да се утврди дали се работи за Данка Илиќ, по која се трага од 26 март.
Тој рече дека Амбасадата на Србија во Виена е во постојан контакт со австриската полиција, како и дека српскиот народ што живее таму е информиран за исчезнувањето на девојчето.
Двегодишно девојче од Данска исчезнало на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор.
Во моментот на исчезнувањето таа носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче. Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.
Подготвено од А.Ѓ.