https://www.facebook.com/photo.php?fbid=863754201772569&set=pb.100044139924327.-2207520000.&type=3

30.04.2024 Скопје

Бујар Османи од ДУИ кој беше кандидат за претседател на Република Северна Македонија денеска од позиција на министер за надворешни работи зборуваше за парламентарните избори говорејќи дека Мицкоски како победник на изборите не смеел да одлучи со кого ќе оди во влада, иако тоа може. Република Северна Македонија не е бинационална држава а влада формира тој кој ќе стигне до 61 пратеник. ДУИ во 2017 формираа влада со СДСМ, иако СДСМ загуби на изборите. Но, кога ДУИ се наоѓа во таква позиција тоа не им се допаѓа.

Воедно на Османи му смета и слоганот Македонија Твоја па се обидува за истиот да го прикаже дека бил против Албанците.

Османи избегна да одговори на денешната прес-конференција дали ДУИ, и по сите навреди и обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, би влегла во коалициска влада со оваа партија.

Османи, исто така, не одговори директно дали ДУИ ќе го поддржи Стево Пендаровски во вториот круг од претседателските избори, инсистирајќи дека за тоа прашање треба да решава заеднички нивниот „Европски фронт“. Тој неколкупати порача дека Христијан Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната влада и уште повеќе, дека е срамота што се разговара за идни коалиции кога изборите сѐ уште не се ни одржани.

На слогонот на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно твоја“, за кој рече дека е понижувачки за Албанците во државата, тој реплицираше со слични фрази за достоинство на граѓаните со порака дека битката меѓу „Вреди“ и „Европскиот фронт“ е завршена со првиот круг на изборите за претседател и дека сега сите се обединети како Албанци против обидите на ВМРО-ДПМНЕ да решава во нивно име кој ќее ги претставува.

„Не одлучува Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците. За тоа ќе одлучи народот“, порача сѐ уште актуелниот министер за надворешни работи во техничката влада.

Според него, целта на ДУИ не е да биде стигматизирана од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ туку да се почитува волјата на избирачите, а таа е јасно искажана и не може да се згази ниту за момент.

Подготвено од М.Д.

About Author