30.04.2024 Скопје
Осигурителните компании останаа глуви на барањето од финансии – до крајот на вчерашниот ден тие не ги вратија старите цени на полисите за возилата како што им беше предложено.
Поради тоа, денеска во Министерството за финансии ќе има нов состанок на кој ќе се одлучува за доставување на предлог до владата за формирање на нов тарифник, со кој директно ќе се влијае на намалувањето на цените за овие полиси.
Денеска има нова владина седница, но се уште нема официјална инофмрација дали овој предлогот за новиот тарифник би се разгледувал.
На средбата повторно ќе присуствуваат претставници од финансии, од Агенција за супервизија на осигурениците и од Националното биро.
По вчерашниот двочасовен состанок, финансии побара осигурителните компании да ги вратат старите цени на полисите, а АСО во меѓувреме да направи анализа дали е оправдано да се зголемат. Но, од Агенцијата и пред неколку дена се изјаснија дека ваквата одлука за зголемување на цената е неоправдана.
Инаку, минатата недела осигирителните компании донесоа одлука да ги покачат цените за полисата за возилата за 15, 4 отсто, со образложение дека не се променети повеќе од 10 години, а трошоците им се пораснати.
Според податоците, минатата година за продавачи на овие полиси како провизија осигурителните компании платите 11, 5 милиони евра. Со оглед на тоа што оваа полиса е задолжителна, со регулирана цена која ја утврдува државата, се поставува прашањето зошто на овие компании им се потребни посредници кои ги чинат милиони за да ги продадат овие полиси.
Подготвено од М.Д.