italijanska policija

16.04.2024 Скопје

Италијанскиот национален комитет за ред и јавна безбедност, со кој претседаваше министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси, заклучи дека најголемата опасност за Италија доаѓа од можните акции на „осамените“ терористи.

Комитетот, кој ги вклучува шефовите на агенциите за спроведување на законот и нивните локални одделенија, се состана во текот на денот во Рим, се вели во извештајот.

Членовите на Комитетот заклучиле дека осамените терористи претставуваат најголем ризик за земјата.

За време на средбата, италијанските безбедносни претставници разговараа за можните ризици поврзани со последиците од меѓународните тензии за Италија.

Во извештајот се наведува дека Комитетот укажал на нерегуларните миграциски текови кон Италија, нагласувајќи ја потребата од пресретнување на потенцијално опасните поединци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author