broddd

08.04.2024 Скопје

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако брод потона северно од брегот на африканската земја Мозамбик, соопштија локалните власти.

Официјални лица во провинцијата Нампула соопштија дека пет од 130-те лица за кои се верува дека биле на бродот што потона во близина на островот Мозамбик, во истоимената африканска земја, се спасени.

Се вели дека патниците бегале од епидемија на колера, изјави покраинскиот секретар Жаим Нето, додавајќи дека меѓу загинатите има многу деца.

„Превртувањето се случи бидејќи бродот беше преполн, не беше дизајниран да превезува толку многу патници“, рече Нето.

На видеото на социјалните мрежи се гледаат десетици тела на плажа.

Бродот патувал од Лунка кон островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула.

Провинцијата Нампула е една од најтешко погодените од епидемијата на колера, која од јануари минатата година се прошири во неколку земји во јужна Африка.

Според УНИЦЕФ, сегашната епидемија е најлоша во претходните 25 години.

Од октомври 2023 година, Мозамбик пријавил 13.700 случаи на колера, додека 30 луѓе починале.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author