https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Money-2180330_1920.jpg

09.04.2024 Скопје

Владата на СДСМ и ДУИ продолжува со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори.

Буџетскиот дефицит заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:
• Две третини од планираниот буџетски дефицит за цела 2024 година
• Повеќе од шест пати поголем буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година

Порастот на вкупните расходи е скоро пет пати поголем од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:
• пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)
• пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).

Задолжувањето кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период е поголемо за 90% во однос на истиот период лани.

Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период.Објави дополнителниот заменик министер за финансии Елена Петрова на својот фејсбук профил.

Подготвено од М.Д.

About Author