gjorce petrov

03.04.2024 Скопје

Општина Ѓорче Петров во реонскиот парк со пригоден настан денеска го одбележа 2 април – Денот на раѓање на македонскиот великан и херој, како и патрон на Општината, Ѓорче Петров, а во негова чест општинска делегaција предводена од градоначалникот Александар Стојкоски се поклони и положи букети цвеќе пред неговиот споменик.

Стојкоски истакна дека голема е честа да го славиме животот на историски личности кои оставија значаен печат во македонската историја.

„Посакувам неговата љубов кон Македонија на сите да ни биде инспирација во годините што доаѓаат. Тоа, ќе нè однесе на добар пат да работиме во континуитет за подобрување на нашето секојдневие и условите за живот на локално, централно и регионално ниво“, порача Стојкоски.

„Аманет ни е од Ѓорче Петров и другарите, македонските херои, да бидеме неуморни кога станува збор за доброто на нашата татковина. И тоа ќе остане за навек. Великаните ги поставија постулатите, ние само треба да ги следиме“, кажа Стојкоски.

Потсети и дека неговите зборови ни се оставени на вечно чување, со аманет да не отстапуваме од нашите принципи и од желбата за борба.

„Ова се принципи и борби на модерното време. Урбано и модерно Ѓорче е нашата парола и за тоа се бориме во 21-виот век. Во годините што доаѓаат, заеднички да придонесуваме за унапредување на нашата заедница. Промените се во твои раце. Доаѓа време на промени, време во кое ќе ја направиме Република Северна Македонија повторно горда. Ќе го направиме Ѓорче гордо и секој еден човек ќе биде свој на своето“, најави градоначалникот Стојкоски, со пораката нека е вечен споменот на хероите.

Подготвено од М.Д.

About Author