08.04.2024 Скопје
Во Хрватска од полноќ горивата поскапува за два центи, а дизелот за еден цент, одлучи денеска владата на телефонска седница.
Од утре бензините ќе се продаваат за најмногу 1,46 евра за литар, што е поскапување за два центи.
За еден цент поскапува и синиот дизел, на 92 центи за литар.
Цената на гасот за цистерни останува 1,18 евра за килограм, а не се менува ниту гасот во боци – останува на 1,74 евра за килограм.
Подготвено од А.Ѓ.