16.04.2024 Скопје
Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од Секторот за санитарна контрола, во периодот од 8 до 12 април , известуваат дека имаат спроведено испитувања. Тие се состојат од земени 158 примероци за физичко-хемиска и 158 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење, од 45 мерни места во градот Скопје.
Согласно добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – Службен весник на РСМ, број 183/18, се наведува во соопштението на претпријатието.
Подготвено од М.Д.