SUDENJE ZAN MITREV

03.04.2024 Скопје

Нови проблеми за обвинителството и судството. Особено за обвинителството кое, јавно, очигледно и со години во суштина ги води процесите за потреби на извршната власт, нивните бизнис интереси и налози за политички прогони против политичари, новинари или бизнисмени, а има и против лекари, уметници… зависно од моментот што на извршната власт и треба да оствари бизнис или замолчување на јавен глас.

А, кога некој од извршната власт под притисок на јавноста, сепак, ќе мора да се појави пред судот обвинителството пакува обвинение кое или на крај завршува ослободително, или со казни кои се соодветни за сосема други, полесни кривични дела а по налог на извршната власт обвинител одбира полесна квалификација. Доказ, познат на сите, случајот со издавање над 200 пасоши на криминлани банди од регионот, одговараа за сосема лесно кривично дело неколку службеници.

Не судат судовите, судат обвинителите, а судиите се под перманентен притисок на извршната власт, судскиот совет поставен од ДУИ/СДСМ, партиските портали и нивниот партиски “невладин сектор“ кој суди од улица. Тоа што голем број судии прифатија обвинителите да им бидат шефови, тоа е проблем со кој ќе се занимава идната власт која ќе мора да најде стабилни судии, кои повеќе се држат до законот отколку до сугестиите и налозите на обвинителите и “невладиниот“ партиски камп.

Дека и без срам, и без професионални обзири, обвинителството наложува на судот како да суди најдрски се јавно кажаните налози од екс премеирот Заев и од доскорешниот Државен (Републички) јавен обвинител Јовевски кој јавно оценуваше, напаѓаше и опоменуваше судии по што нивните налози се спроведуваа.

Подготвено од М.Д.

About Author