ZELJKO OBRADOVIK

29.04.2024 Скопје

Жељко Обрадовиќ останува на клупата на кошаркарскиот клуб Партизан уште две години. Искусниот стратег денеска го потпиша новиот договор со „црно-белите“.

По три успешни сезони, Партизан и Обрадовиќ лесно се договорија за продолжување на соработката. Трофејниот стратег истакна дека на се поставувало прашањето дали тој сака да остане во клубот, каде играше како играч и каде што ја почна тренерската кариера во 1991 година.

Целта на Обрадовиќ ќе биде Партизан да биде постојан член на Евролигата, каде сезонава не успеа да стигне до плеј-офот, а лани беше елиминиран во четвртфиналето Реал Мадрид. Белградските „црно-бели“ беа убедливо најгледаниот тим во европската елита сезонава со распродадени 99 отсто од билетите на сите натпревари на домашен паркет во „Белградска арена“.

Подготвено од М.Д.

About Author