https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/df/Vlada_RH.jpg

18.04.2024 Скопје

Врз основа на 99,3 отсто обработени гласови, според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија, ХДЗ освоила 61 мандат, додека коалицијата околу СДП Ријека Правде останала на 42 мандати.

Движењето Татковина освои 14 мандати, Мост 11, Моземо 10, ИДС 2, НПС 2 и Фокус еден мандат.

Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и поранешен премиер, синоќа по објавувањето на првите резултати изјави дека е важно што оваа партија убедливо трет пат по ред победи на изборите одржани, како што рече, благодарение на Зоран Милановиќ, во „бизарен ден“.

Пленковиќ во седиштето на партијата најави дека ХДЗ од денеска веќе почнува да формира трета влада.

Честитајќи им на другите политички партии, Пленковиќ вели дека ХДЗ ќе продолжи со својата политика која „ги заштити граѓаните од многу кризи и ја зачува хрватската економија“.

Лидерот на СДП, Пеѓа Грбин, во средата навечер изјави дека неофицијалните резултати од парламентарните избори покажуваат дека две третини од граѓаните ја поддржале оваа партија и оти затоа ќе покажат дека Хрватска може и ќе биде подобра.

„Ни претстојат денови, недели и месеци разговори, но тие ќе завршат со промена што ќе ја направи Хрватска подобра, без корупција, која се грижи за својот народ“, рече Грбин.

Тој рече дека денеска почнуваат разговори со оние кои „до вчера велеа дека нема да соработуваат со ХДЗ, дека нема да соработуваат со корумпирана Хрватска“.

„И наше е да потврдиме дали тие зборови биле вистинити“, рече Грбин.

Во Хрватска се одржаа парламентарни избори за 11-тото свикување на Парламентот. Право на глас имаа 3,7 милиони гласачи, а гласале 62 отсто од граѓаните. Врз основа на 98 отсто од преброените гласови, ХДЗ доби 60 мандати. Коалицијата „Ријека Правде“ предводена од СДП освои 42 мандати. Извесно е дека во парламентот ќе влезат осум партии и коалиции. На Србите им се доделени три пратенички места во Собранието, кои одат во рацете на СДСС на Милорад Пуповац.

На изборите за пратеници во 11-тото собрание право на глас имаа 3,7 милиони гласачи, а гласаа 62 отсто од граѓаните. Тие избраа меѓу 2.302 кандидати на 165 листи, кои се натпреваруваа за 151 мандат во Собранието.

Сите три пратенички мандати наменети за Србите ги освои Независната демократска српска партија (СДСС) на Милорад Пуповац.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author