avion boing

08.04.2024 Скопје

Боингот 737-800 на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ морал принудно да слета откако капакот на моторот се откинал при полетувањето и удрил во крилото на леталото.

Федералната управа за воздухопловство (FAA) објави дека инцидентот се случил вчераутро кога авионот полетал од меѓународниот аеродром Денвер кон Хјустон.

Се вели дека ФАА истражува што се случило, а персоналот на бродот изјавил дека „капакот на моторот паднал за време на полетувањето и удрил во крилото“.

„Саутвест ерлајнс“ објави дека авионот „безбедно слетал откако доживеал механички проблем“.

Се наведува дека патниците се резервирани и на други летови, а техничкиот персонал врши проверка на леталото.

На социјалните мрежи се појавија видеа снимени од патници во авионот за време на полетувањето, на кои се гледа како капакот на авионот се ниша под налетите на ветрот.

„Се се распадна“, во клипот се слуша Лиза, една од патничките кои го снимиле инцидентот.

Таа изјави дека капакот на моторот „се откачил во првите десет минути“ од летот.

Друг патник, Купер Глас, изјави за американската телевизија дека ова искуство е „застрашувачко“.

„Луѓето спроти мене почнаа да им викаат на стјуардесите и да им ја покажуваат штетата“, рекол Глас, кој го пофалил пилотот што „извршил одлична работа за време на слетувањето“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author