03.04.2024 Скопје
Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, известуваат од ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми.
На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“, до крајот на септември, со две неделни фреквенции или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).
Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).
Подготвено од М.Д.