22.04.2024 Скопје
Во соработка со Општина Центар, Стопанска банка Скопје го најавува почетокот на изведба на ново урбано катче, нов плоштад, за чии потреби веќе е ограден просторот на аголот од ул. „Михаил Цоков“ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало.
Модерната конструкција наречена „Урбан атрактор“ опфаќа површина од 56m2 за релаксација и одмор на граѓаните и ќе го збогати јавниот простор со платформа со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди.
80 години создаваме трајни вредности за нашата заедница. Преку општествено одговорните активности донираме, спонзорираме, но и активно делуваме за подобра животна средина, поголема инклузивност и мобилност, велат од Стопанска Банка Скопје.
Подготвено од М.Д.