06.04.2024 Скопје
За три децении тројно е намален бројот на доктори. Ако во почетокот на 90-тите имало 18 илјади, сега има 6 илјади. Тоа се должи на одливот на здравствени работници, каде според проценките годишно си заминуваат 200 до 250 лекари. Според претседателот на Македонското лекарско друштво подобри услови се клучот за задржување на докторите во државата.
Заменик министерката за здравство пак смета дека проблемот со иселување е на глобално ниво. Но, сепак за подобрување на состојбата кај нас вели дека примарен услов е зголемување на платите и подобрување на условите.
Покрај оние кои масовно се иселуваат, во Република Северна Македонија има и млади луѓе кои се со големи амбиции за иднина овде. Таков е Леонид Караџинов, кој изминатата година беше најдобриот студент на Медицинскиот факултет. Тој сега работи во Итната медицинска помош, каде треба да биде половина година за да добие можност за специјализација.
Подготвено од М.Д.